Милер испиша историја во Бундес-лигата

392

Баерн Минхен беше совладан од Аугсбург на гости со 2-1 во рамките на 12. коло во Бундес-лигата. Баварскиот гигант го запиша вториот пораз оваа сезона.

На овој меч, најискусниот играч на баварскиот гигант испиша историја.Томас Милер стана првиот играч кој не е голман, а стигнал до бројката од 600 настапи за Баерн. Пред него се само двајца голмани, Оливер Кан (632) и Сеп Маер (661).

Во Бундес-лигата има одиграно 395 меча, запиша 133 гола и 142 асистенции. Во Лигата на шампионите одигра 128 пати и постигна 49 гола со 21 асистенција. Тој исто така играше 60 пати на натпревари за ДФБ Покал, каде постигна 33 гола и имаше 18 асистенции.

ПретходноФенер изгуби и од „фенерџијата“, Барса сигурна во Лион
Следно„Биг Софо“ се појави по долго време – изгледа поголем од било кога (ФОТО)