Пејовиќ: Дуелите со Бутел секогаш се тешки, но искуството е на наша страна!

107

Денеска ќе се одиграат три нови средби од 11. коло во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е дерби дуелот меѓу Пролет и Бутел Скопје. Скопскиот суперлигаш во последните сезони е ривал на Пролет во борбата за висок пласман, а тоа е случај и оваа сезона, бидејќи по десет комплетирани кола двете екипи се наоѓаат на делба на четвртата позиција со по 21 освоен бод.

Натпреварите со Бутел секогаш се тешки и полни со набој, желба за победа на двата тима. И Т.Пролет и Бутел имаат големи амбиции, сакаат да бидат веданш зад Вардар и Пелистер. Бутел игра многу цврста одбрана, овој тим е многу агресивен, а сега и со Чаневски на голот е уште потешко да се најде патот до мрежата. Секако дека и ние имаме свои предности, пред се мораме уште еднаш да докажеме дека сме екипа која знае како да игра и да победува тешки натпревари, нешто што во повеќе наврати го докажавме минатата сезона. Искуството е на наша страна, но ова ќе биде меч што ќе го одлучат нијанси, ќе се игра на една или на две топки… Кој ќе биде посконцентриран во тие клучни моменти на крајот ќе се радува на победата“, изјави Жарко Пејовиќ, еден од најискусните во таборот на Тинекс Пролет.

Во истиот термин од 18 часот, но во Битола, Е.Пелистер 2 е домаќин на Охрид, ова е уште една интересна пресметка. Вториот тим на Битола високо котира на табелата, се наоѓа на третото место зад своите поискусни колеги и Вардар.

Во Кавадарци, Тиквеш е домаќин на Радовиш, мечот се игра со почеток во 20:30 часот.

ПретходноПандев за Шевченко, Мурињо…пензијата!
СледноМарјан од Струмица е најновиот македонски МИЛИОНЕР