Седлоска се врати по повредата, Локомотива славеше во Полска

210

Македонската ракометна репрезентативка, Андреа Седлоска, денеска се врати вод ресот на хрватска Локомотива Загреб по паузата која мораше да ја направи по повредата на менискусот.

Седлоска беше во составот на хрватскиот тим на гостувањето кај Перла Љубин во мечот од квалификациите во ЕХФ Европската лига во женска конкуренција. Локомотива Загреб славеше со 29:27, но Седлоска не успеа да се запише меѓу стрелците затоа што на оваа средба имаше дефанзивни задачи.

ПретходноРаботнички и Наковски Волеј се осамија на врвот
СледноШампионот доминираше во градското дерби, Штип УДГ се искачи на второто место