Голем удар за Шпанија пред Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Предводникот на „фуријата“, Жорди Рибера нема да смета на еден од најдобрите играчи.
Екс-вардарецот, Алекс Душебаев го откажа настапот на континенталното натпреварување. Причината е повреда на рамото, мора да оди на шестнеделен медицински третман, а истиот може да го направи токму во периодот кога почнуваат подготовките и додека трае ЕП 2022.
Sintiéndolo mucho por lo que significa la Selección para mí, no podré estar con los #Hispanos en el Europeo ’22.
Una decisión muy difícil que atiende únicamente a razones médicas. Tras un año sin apenas descanso, luchando por todo a nivel de clubes y selección (…) pic.twitter.com/23Z6QFdCrV
— Alex Dujshebaev (@AlexDujshebaev) November 19, 2021