Тимот на Ливерпул вчера во дербито од ова коло во Премиер лигата го „уништи“ на домашен терен тимот на Арсенал со 4:0. Во меч кој требаше да биде дуел на две изедначени страни со оглед на местата кои овие два тима ги имаат на табелата во моментов, истиот се претвори во фудбалска лекција, и симултанка на домаќинот.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со суперлатив говореше по натпреварот за својот состав велејќи дека е одигран перфектен меч.
„Одигравме исклучителен натпревар. Како што одминуваше времето, почнавме да се однесуваме се подобро и подобро. Го контролиравме текот на средбата и бевме многу прецизни во најважните моменти. Одигравме и зрело и ефективно“, изјави Клоп да додаде.