Кошаркарите се „чекираа“: Од утре во турбо ритам, доаѓа светскиот првак (ФОТО)

707

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за квалификациските мечеви за пласман на СП 2023 година. Селекторот, Драган Бајиќ заедно со раководството ги пречекаа репрезентативците, кои ги чека голем предизвик, дуелот со светскиот првак во петок (Скопје) и Украина на гостински терен три дена подоцна, како дел од ноемврскиот „прозорец“.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим одбра 15. имиња на кои ќе смета за овие две средби. На списокот „новитет“ е Кирил Николовски, го нема Ненад Димитријевиќ, кој е повреден, како и Војдан Стојановски. На оној првичен список не се најде ниту Бојан Трајковски, за кого Бајиќ наскоро ќе треба да даде обасјнување зошто капитенот од претквалификациите наеднаш не се најде во неговиот избор.

ПретходноЕлмас и Наполи поразени на „Меаца“, Meртенс погоди за историја! (видео)
СледноШева му ја даде капитенската лента на Пандев