„Скај Спорт“: Роналдо лобира Луис Енрике да стане нов менаџер на Манчестер Ј.

173

Кристијано Роналдо лобира актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике да го преземе менаџерското место во Манчестер Јунајтед, тврдат извори на „Скај Спортс“.

Се очекува Јунајтед да го покани Енрике на разговори како можна замена за Оле Гунар Солксјаер, кој утрово доби отказ. Се смета дека поранешниот тренер на Барселона би бил заинтересиран да разговара со претставниците на Јунајтед, а сега ќе ја има поддршката и од Роналдо, кој смета дека Шпанецот е вистински калибар на тренер за да му овозможи на Јунајтед да се врати во трка со Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи за титулата.

Енрике ја освои тројната круна со Барселона во 2015 година.

Претходно„Граѓаните“ го преслушаа Евертон, Родри постигна неверојатен гол (ВИДЕО)
СледноСебастијан Ожие по осмипат е светски шампион во рели