Само Чави Хеднандез знаеше како му е вчера на неговото деби како тренер на тимот на Барселона. Мораше да се одигра меч против тимот на Еспањол, гратското дерби кое никогаш не било лесно да се добие. Ако се земе во предвид целата ситуација во Барселона во моментов, тогаш работите се уште покомплицирани, па минималниот триумф од 1:0 за Каталонците значи сериозен успех, колку и да тоа во моментов звучи чудно.
“Јас сум среќен. Моравме да работиме напорно, но во денешно време нема лесни победи. Сигурно има на што да се работи. Ентузијазмот на навивачите се пренесе на тимот и играчите дадоа се од себе“, изјави Чави па додаде.