Вардар со половина сили до убедлив триумф во Струга

191

Македонскиот првак колку толку се рехабилитираше од поразот во Сегедин во Лигата на шампиони. Вардар 1961 на гостувањето кај Струга дојде до десетата победа во Супер-лигата и ја продолжи трката за Е.Пелистер за врвот на табелата.

Избраниците на Веселин Вујовиќ славеа со убедливи 28-37 и покрај тоа што на оваа средба дојдоа со половина сили. Во составот ги немаше Дибиров, Мишевски и Стоилов, како и Моралес, Тото…секако поради ограничувања на бројот на странски играчи.

Отвори Вардар со 2-6, држеше ритам против мотивираниот домаќин, кој во ниту еден момент не го загрози водството на фаворитот. По првото полувреме беше 15-18. Во продолжение „црвено-црните“ доминираа, стружани на двапати израмнија, откако гостите се опуштија, но потоа првакот „нагази“ за убедлива победа.

Валчак постигна седум гола, шест имаа Кевин Њокас и Талески, Барјактаревиќ кај Струга запиша девет гола.

Претходно„Кралевите“ убедливo против Гранада и се вратија на чело на табелата (видео)
СледноЕнрике: Јас во Манчестер Јунајтед? Да не е случајно 1 април?