Васоски сака победа како роденденска честитка!

219

Попладнево во меч од 14.коло во ПМФЛ, Академија Пандев на свој терен во Струмица, го дочекува тимот на Тиквеш. Се разбира дека „пандевци“ посакуваат победа и три бода, со тоа да останат при врвот на табелата, но тие денеска ќе имаат мотив плус. Имено денеска нивниот шеф прославува роденден, па треба со победа му го честитаат 42-иот роденден на Александар Васоски.

Има време за прослава, тоа ќе го оставиме после натпреварот. Се разбира дека сакам со три бода моите играчи да ми честитаат. Да кажам дека не очекува крајно тежок натпревар. Тиквеш со Влатко Костов е силен тим, знае да одигра на резултат, сепак ние играме дома, ние сме Академија Пандев и одиме на победа, тука нема дилеми“ вели за “Спортмедиа“ Александар Васоски.

Инаку нашата редакција му го честита роденденот на еден од нашите најдобри тренери.

ПретходноДобра сума на долари го носат Мециновиќ во Бангладеш
СледноПМФЛ: Шкендија ќе “удри“ по Брегалница, Струга ТЛ го дочекува Работнички…