Макс Верстапен е казнет со пет, а Валтери Ботас со три позиции на стартот на денешната трка за Големата награда на Катар на патеката Лосаил. Причина за казната на холандскиот пилот, кој е актуелен лидер во шампионатот е непочитувањето на двојните жолти знамиња.
Од друга страна, Финцот е казнет со нешто помала казна, бидејќи не го почитувал „само“ жолтото знаме.
По казните, стартните позиции на трката која почнува од 15 часот ќе изгледаат вака: 1. Хамилтон, 2. Гасли, 3. Алонсо, 4. Норис, 5. Ботас, 6. Саинс, 7. Верстапен, 8. Кунода, 9. Окон, 10. Фетел.