По поразот од Ватфорд и по лошите резултати во последно време,поточно катастрофални резултати, вечерва итен состанок одржа потесното раководство на Манчестер Јунајтед. На состанокот кој траел неколку часови, разгледана била работата на тренерот Оле Гунар Солскјер. Според некои медиуми, тука мислиме на оние од Островот, отказот бил спремен за Норвежанецот, но се чекало конечната одлука да ја донесе газдата на клубот Џоел Глејзер.
Од друга страна,инсајдери од клубот потенцираат дека Солскјер и официјално добил отказ, се чека на официјалната поврда од самиот клуб. Ова го објави и Фабрицио Романо на својот Твитер.