Дончиќ се уште не е заздравен, го пропушта и вечерашниот дуел со ЛА Клиперс?

181

Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, пред денешниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против ЛА Клиперс се уште е под знак прашлник за настап.

Словенецот го повреди зглобот на левата нога пред 5 дена на средбата со Денвер и беше принуден да го заврши мечот пред време. Дончиќ избегна тешка повреда, но мораше да пропушти два првенствени натпревари, во кои Мавси двапати загубија од Феникс (98:105 и 104:112).

Од клубот и денеска не потврдуваат дека Дончиќ е подготвен за враќање на паркетот.

ПретходноПетра Влхова незапирлива во Леви, втора победа во слалом
СледноНа Чаир спектакл на трибините, ГОЛ – ШОУ на теренот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)