ФОТО: Twitter/Official SSC Napoli
Вечерва во рамките на 13. коло на Серија А на „Џузепе Меаца“ играа актуелниот шампион Интер и лидерот на табелата Наполи. Во интересна борба зачинета со пет погодоци победата ја однесе Интер со резултат 3:2.
Мечот го отвори Наполи со гол на Зелински во 17. минута, но до крајот на првиот дел „нероаѕурите“ направија пресврт. Прво изедначи Чаланоглу од пенал, а потоа мрежата на гостите ја затресе Иван Перишиќ.
На почетокот на второто полувреме Лаутаро Мартинез зголеми на 3:1. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас влезе во игра во 75 минута на местото на Лозано. Три минути подоцна Дрис Мертенс погоди и го намали резултатот.
Со овој погодок Мертенс стигна до 103 со што стана најдобриот стрелец на Наполи во историјата поминувајќи го на вечната листа Антонио Војак кој има 102 гола.
WOW! Dries Mertens with an absolute worldy foor Napoli! 10 minutes left for the equaliser! WHAT A GAME #intnap #inter #napoli pic.twitter.com/Kwhjz2gr7z
— LiLJerry (@EverydayFut) November 21, 2021
А иако имаше уште 15-тина минути до крајот заедно со судиското продолжение, сепак, составот од „Сан Паоло“ не успеа да извлече барем бод.
И покрај поразот Наполи остана прв но сега има исто бодови со вториот Милан. Интер е трет со четири бода помалку од лидерот.