Никогаш не е досадно во Манчестер Јунајтед. Она што синоќа се најавуваше, пред неполн час и официјално се оствари. Оле Гунар Солсјкер не е веќе тренер на еден од најголемите клубови во светот.
Сепак има уште една вест, и тоа како интересна од клубот од “Олд Трафорд“. Имено Хари Мегваер нема веќе да биде капиотен на тимот. Тој синоќа направил тешка глупост. Имено по катастрофалниот пораз од Ватфорд, досегашниот капитен на “ѓаволите“ и репрезентативец на Англија, си искочил во ноќен живот. Човекот сакал да си се забавува без разлика што во клубот каде што тој е капитен едноставно “ГОРИ“.
Ова челниците на Јунајтед не му го простиле, па така сега се најавува дека каптенската лента ќе оди кај Кристијано Роналдо, дека тој со својот авторитет ќе мора да го подигне тимот.