Кимих: Не се вакцинирам, Баерн: Казнет си 800.000 евра

1404

Џошуа Кимих ги доживува сите консеквенци за неговото однесување во изминатиот период во моментов. Играчот на Баерн е во изолација затоа што бил во контакт со лице заразено од Ковид 19, а тој не е вакциниран по сопствено уверување.

Веќе неколку дена е во карантин, не беше дел од тимот на Баерн Минхен на гостувањето во Аугзбург, кое патем е загубено со 2:1, и ситуацијата во моментов е доста специфична.

Клупска казна од 800.000 евра

Челниците на Баерн со сета сила се обидуваа да го натераат Кимих да се вакцинира но тој според сопствените убедувања тоа не го стори. Затоа, не беше во комбинација за неколку мечеви, па клубот реши да го санкционира на единствениот начин на кој што може. Со парична казна. Кимих ќе биде „олеснет“ со 800.000 евра од годишната плата, сума која и за така голема звезда не е мала.

Освен Кимих, вакцинација засега одбиваат и Џамал Мусиала, Серж Габри, Ерик Максим Чупо Мотинг….

 

ПретходноЛилард незадржлив во триумфот на Портланд над Филаделфија (ВИДЕО)
СледноСолскјер добива 7.5 милиони евра веднаш, пристигнува Зинедин Зидан