Со вкупи 39 поени и седум асистенции, Демијан Лилард го поведе својот тим Портланд до деветтата победа сезона наспроти осумте порази. Жртва на оваа добра партијад на еден од најдобрите бекови во лигата беше тимот на Филаделфија кој Блејзерзи го совладаа со конечни 118:111. Кај поразениот тим пак на Сиксерс Херис најефикасен со 28 поени. Мечот беше исклучително неизвесен и беше решен во последните моменти кога домаќинот беше за нијанса посконцентриран.
Јута држи чекор со водечките
Од друга страна пак, тимот на Јута Џез со 11. победа сезонава уште еднаш покажа дека е еден од главните кандидати за завршницата. Совладан тимот на Сакраменто со 105: 123 на негов терен, а најдобар играч Донован Мичел со 26 поени. Кај домашните Холмс со 22 коша и седу асистенции.
Резултати:
Индијана – Њ Орлеанс 111:94
Вашингтон – Мајами 103:100
Атланта – Шарлот 115:105
Бостон – Оклахома 111:105
Милвоки – Орландо 117:108
Минесота – Мемфис 138:95
Портланд – Филаделфија 118:111
Сакраменто – Јута 105:123