Лион-Марсеј и официјално НЕМА вечерва да се доигрува!

850

По речиси два часа чекање сепак да продолжи мечот меѓу Лион и Марсеј, големото дерби во Лига 1, и дефинитивно и официјално овој натпревар нема да се игра вечерва. И тоа на барање на судијата Руди Буке,кој не сакал по никоја цена да го продолжи мечот кој беше прекинат во 2.минута откако еден хулиган со шише во глава го погоди гостинскиот фудбалер Димитри Паје. Интересно е тоа што тој фан си доби „шамар“ како воспитна мерка од водачот на навивачите на Лион.

Додека траеше прекинот имаше контрадикторни информации, се очекувашетој да продолжи. Домашните играчи истрчаа на терен и десетина минути се загреваа,но гостите од Марсеј не сакаа никако да истрчат на теренот, во таа насока одеше и одлуката на главниот судија па така вечерва гледавме само две минути од дербито во Лига 1.

Каков ќе биде епилогот од овој прекинат меч останува да се види во следните денови.

ПретходноШевченко дебитираше со пораз, 63. минути за Пандев против Мурињо
СледноНекогашен фудбалер на Милан и Арсенал е еден од најбогатите луѓе во светот!