Невакцинираните во Баерн нема да добиваат плата додека се во изолација

204

Петтемина невакцинирани играчи на Баерн Џошуа Кимих, Џамал ​​Мусиала, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Серж Гнабри и Мишел Кузанс, биле викнати на специјален состанок во клубот. Шефовите на Баварците се исплашени од ситуацијата во клубот, затоа што има се повеќе заразени играчи.

На играчите кои беа ставени во карантин, им било кажано дека нема да добијат плата за деновите додека се во изолација.

За Кимих тоа значи дека ќе загуби 768.000 евра бидејќи сега и тој е во карантин. Шефовите истакнаа дека ги разбираат желбите на играчите и не можат да ги обврзат да се вакцинираат, но велат дека имаат право да им одбијат од платите на вработените, бидејќи не можат да ги исполнат своите обврски поради карантинот.

ПретходноВерстапен казнет со пет, а Ботас со три места пред стартот на Катарското ГП
СледноПМФЛ: Супер – Шкупи, магија на Цаке, фантастичен меч во Струмица, победи и првакот…