Оваа сезона на терените во Франција видовме неколку скандали, кои ги предизвикаа хулиганите на одредени клубови, а „традицијата“ продолжува вечерва во Лион.
Лион е домаќин на Марсеј, но мечот е прекинат во осмата минута, откако навивачите на домашниот состав предизвикаа инцидент. Марсеј по една акција се избори за корнер, Паје тргна да го изведе. Но, кога застана еден од навивачите го погоди со шише по глава, тој остана да лежи на теренот.
Лекарскиот тим веднаш му укажа помош, а главниот судија одлучи двата тима да ги прави во соблекувалните и да го прекине мечот.
Why does this keep happening to Payet?pic.twitter.com/vCD1q6UG1I
— Riggers (@UniqueRiggers) November 21, 2021