ПМФЛ: Супер – Шкупи, магија на Цаке, фантастичен меч во Струмица, победи и првакот…

552

Завршија петте мечеви од денешната програма од 14.коло во ПМФЛ. Шкендија со голот на Кривак успеа со многу мака да слави над Брегалница, тетовци не искористија два пенали.

Супер – Шкупи. Лидерот си поигруваше со Пелистер, броеше до пет голови, сите блескаа во тимот на Седлоски, сепак Цветаноски со два гола беше играч не мечот.

Ренова со 1:4 успеа да совои големи три бода, и тука имаше двоен стрелец, а тоа беше Ремзифаик Селмани.

Струга ТЛ со 1:0 успеа да го победи Работнички и тоа со магијата на Клисман Цаке. Тој постигна ретко виден гол на нашите терени, едноставно МАГИЈА.

Значи Борче Христов, новиот тренер на Работнички имаше неуспешно деби на клупата на “романтичарите“.

Фантастичен меч во Струмица. А. Пандев го победи Тиквеш со 3:2 во еден од најубавите мечеви сезонава во ПМФЛ. Струмичани двапати водеа, Тиквеш двапати израмнуваше, но тогаш на сцена стапи Мартин Мирчевски со својо втор гол за конечни 3:2. Ова беше неговиот 15 гол сезонава.

Вчера Македонија ЃП со 1:2 го победи Скопје на негов терен.

РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ ЗА 14.КОЛО

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1:0

(Цаке 57./)

А.ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 3:2

(Мирчевски (п) 37., 82., Радиќ 61./Каракамишев 39., Нгоба 79.)

БОРЕЦ – РЕНОВА 1:4

(Ѓорѓиев 86./Мустафов 11., Р. Селмани 14.,64., Перез 26.)

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 1:0

(Кривак 61./)

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 5:0

(Цветаноски 11., 42., Маркоски 37., Ѓорѓиевски 54., Чешмеџиев 85.)

ВЧЕРА:

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:2

(Јашароски 58./Емини 67., 77.)

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНевакцинираните во Баерн нема да добиваат плата додека се во изолација
СледноТи благодариме, Јасмин: Струга ТЛ со победничко селфи се раздели од Мециновиќ! (ФОТО)