ПМФЛ: Шкендија ќе “удри“ по Брегалница, Струга ТЛ го дочекува Работнички…

199
Processed with VSCO with m5 preset

Попладнево од 13 часот закажани се сите преостанати пет мечеви од 14.коло во ПМФЛ. Вчера Македонија ЃП на Автокоманда како гостин го победи Скопје со 1:2.

Затоа денеска сите погледи ќе бидат свртени кон Тетово и Струга. Очекуваме таму, на мечевите Шкендија – Брегалница и Струга ТЛ – Работнички, да биде најинтересно.

Шампионот и тоа како има намера да “удри“ по штипските “сини“. Тетовци покажаа дека се во супер форма, минатиот викенд во пријателски меч го “торпедираа“ Работнички со 7:2. Па сега нека му ја мисли Брегалница.

Струга ТЛ го дочекува Работнички, тим за кој на клупата на официјален меч ќе дебитира новиот стратег Борче Христов. По традиција “романтичарите“ тешко излегувале на крај со стружани, ќе видиме како ќе биде денеска.

Работнички е добро организиран клуб. Овој меч за нас доаѓа по таа победа над Пелистер. Напорно работевме во текот на паузата, затоа ќе дадеме се од себе да победиме денска. Дома сме многу силни и очекувам нови три бода“ вели Фљамур Таири, искусниот играч за врска на Струга Трим Лум.

ЛИДЕРОТ ОЧЕКУВА ЛЕСНИ ТРИ…

Според сите мерила, Шкупи денеска би требало да има најлесна задача. Лидерот дома го дочекува очајниот Пелистер, и се освен сигурна и убедлива победа на тимот на Гоце Седлоски ќе биде рамно на сензација.

Пелистер е единствениот тим кој сезонава не знае за победа. Клубот си има внатрешни проблеми, официјално се уште нема назначено нов тренер, па така се очекува чаирчани и денеска да освојат нови три бода.

Исклучително интересен двобој се очекува во Велес, каде Борец ја пречекува Ренова.

И во Струмица, домашниот состав на Академија Пандев ќе има тешка работа како да го пробие бедемот на Тиквеш. Кавадарчани сигурно дека нема предвреме да се предадат, за нив секој бод е од животно значење, сепак “пандевци“ се фаворити на овиој меч.

ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

А.ПАНДЕВ – ТИКВЕШ

БОРЕЦ – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

ВЧЕРА:

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:2

ТАБЕЛА

Шкупи 29, А. Пандев 25, Ренова 22, Брегалница 22, Шкендија 21, Македонија ЃП 20 (+1), Струга ТЛ 19, Работнички 18, Скопје 16 (+1), Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4 бодови…

ПретходноВасоски сака победа како роденденска честитка!
СледноСелекторот Бајиќ со 15 кошаркари за ноемвриските квалификации за Светскиот Куп!