Завршија првите полувремиња на петте мечеви од 14.коло во ПМФЛ. Како што и се очекуваше, Шкупи нема никакви проблеми со Пелистер, води со 3:0 со двата гола на Цветаноски и еден на Маркоски. Ренова исто така во Велес води со 0:3. Мустафов, Селмани и Перез беа стрелците. Бурно е во Струмица, Академија Пандев поведе против Тиквеш со 1:0 со голот на Мирчевски од пенал, многу бргу израмни Каракамишев на радост на фановите од Кавадарци кои ги има во голем број во Струмица.
Шкендија – Брегалница 0:0, Дориев промаши пенал, односно Денковски го одбрани ударот на домашниот фудбалер. И во Струга се игра без голови. Струга ТЛ против Работнички ја имаше најдобрата шанса за водство, но Малески не беше прецизен.