По победата на релито во Монца, Французинот Себастијан Ожие и по осмипат е нов светски шампион. Суперѕвездата на рели спортот имаше извонредно издание во Монца и успеа да направи уште еден скок во историјата освојувајќи ја осмата светска титула.
37-годишниот Французин вели дека во иднина сака да има повеќе време за сопругата, германската водителка Андреа Кајзер и нивниот син Тим. Само неговиот сонародник Себастиен Леб има повеќе светски титули од Ожие (девет), но Ожие вели дека нема да го лови рекордот, затоа што сега на ред е семејството.