Солскјер: Верувам дека повторно ќе се сретнеме (ВИДЕО)

549

Норвешкиот стратег после три години замина од клупата на Манчестер Јунајтед, кој во неговата ера не оствари премногу успеси.

На Оле Гунар Солскјер му пресуди поразот од Ватфорд, пет часа по овој дуел му беше враќен отказ. Тој му посака најдобро на клубот.

„Сите знаете што ми значи клубот и што сакав да постигнам тука. Сакав да го однесам тимот чекор напред во кој ќе се боревме за трофеи. Верувам дека сите знаат дека дадов се од себе. За мене овој клуб е се во мојот живот, но за жал не можевме да го постигнеме она што го сакавме. Поради тоа дојде време да се разделиме“, изјави норвешкиот стратег.

Тој истакнал дека уживал од првата до последната минута, верува дека одново ќе биде дел од овој тим.

„Уживав од првата до последната минута. Се надевам дека се ќе биде многу подобро кога ќе се вратам. Уверен сум дека повторно ќе се сретнеме, ако ги гледам мечевите, сигурно ќе биде на „Олд Трафорд“, порача Солскјер.

На клупата на Јунајтед мина три години, не освои ништо, на 167 меча запиша 91 победа, 37 нершени меча и 39 порази.

ПретходноНов скандал во Франција и прекин: Паје погоден со шише (ВИДЕО)
СледноХулиганот кој го погоди Паје со шише – доби „шамар“ (ВИДЕО)