Англиската јавност веќе објави дека Оле Гунар Солскјер, досегашниот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед доби отказ по вчерашниот дебакл од Ватфорд на гостински терен со 4:1. Се чека само службена потврда од клубот.
Ова не е неочекуван потег на челниците на Јунајтед туку само потег кој е извесен веќе некое време. Солсјкер секако и натаму е легенда на клубот, но ќе остане запаметен како еден од најнеуспеѓмните менаџери. Разочарувањето кај него е големо, но од другар страна пак утеха секако дека ќе има во 7.5 милиони евра тешката отштета која клубот ќе му ја исплати за прераното раскинување на договорот.
Зидан пристигнува на Олд Трафорд
Сега кога вече Солсјкер не минато на Олд Трафорд секако дека главна тема ќе биде неговиот наследник. Јавноста инсистира на Зинедин Зидан, творецот на историскиот успех на Реал Мадрид и трите последователни трофеји во Лигата на Шампионите и човек кој е навикнат на работа во соблекувална преполна со големи звезди. Се очекува преговорите на релација Јунајтед – Зидан да кулминираат во текот на денешниот ден и веќе од понеделник да има подетални информации околу конечниот договор.