Стадионите во Катар и официјално подготвени за СП: Ќе игра ли и Македонија на нив?

702

И официјално. Сите стадиони во Катар, на кои ќе се играат мечевите од СП 2022 година се подготвени и тоа на една година пред стартот на Мундијалот. Како што информираат од Организицискиот одбор на Мундијалот, првенството може уште денеска да почне, барем според нивите зборови.

Познато е дека СП во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември следната година, а ќе се игра во пет градови и на осум стадиони. Секој стадион еден од друг, одалечен е максимални 56 километри, што е добра вест за фановите од целиот свет кои ќе сакаат да гледаат натпревари еден по друг во ист ден, што се вели.

И сега, барем за нас, останува главното прашање. Дали нашата најдобра фудбалска репрезентација, нашите репрезентативци ќе играат на тие стадиони, а нашите фанови ќе бидат на трибините.

Останува да се види, прво следниот петок кога е ждрепката за баражот, а потоа и на 25/26 и 28/29 март кога се играат бараж – мечевите за пласман на Мундијалот.

Сите добро знаеме дека во завршните мечеви за пласман на СП во Катар 2022 ќе учествува и Македонија.

Досега на Мундијалот се пласираа вкупно 12 репрезентации и плус Катар како домаќин.

ПретходноКратовци се кошмар за “црвено-црните“: Вардар заборавил кога последен пат го победил Силекс!
Следно„Бомба“: Кристијано би можел да биде тренер-играч на Јунајтед!!!