Чави: Не беше лесно, ќе бидеме подобри (ВИДЕО)

520

Само Чави Хеднандез знаеше како му е вчера на неговото деби како тренер на тимот на Барселона. Мораше да се одигра меч против тимот на Еспањол, гратското дерби кое никогаш не било лесно да се добие. Ако се земе во предвид целата ситуација во Барселона во моментов, тогаш работите се уште покомплицирани, па минималниот триумф од 1:0 за Каталонците значи сериозен успех, колку и да тоа во моментов звучи чудно.

“Јас сум среќен. Моравме да работиме напорно, но во денешно време нема лесни победи. Сигурно има на што да се работи. Ентузијазмот на навивачите се пренесе на тимот и играчите дадоа се од себе“, изјави Чави па додаде. 

„Ќе играме се подобро и подобро, ќе напаѓаме многу. Важно е што денеска ги однесовме трите бода. Пред паузата на моменти не размислувавме како да ги искористиме слободните зони. Кога почнуваш со победа, се е позитивно“, изјави поранешниот играч за врска, а сегашен кормилар на Барселона.

Еспањол ни создаде проблеми на крајот, но севкупно нашата победа е заслужена. Атмосферата на Камп Ноу многу се промени, ми се допадна тоа. Младите Илиас и Абде одлично се снајдоа .Тие се дел од талентирана генерација на која ќе се потпреме„ – изјави Чави по мечот со Еспањол.

ПретходноКлоп: Одигравме перфектен меч во сите деведесет минути
СледноДобра сума на долари го носат Мециновиќ во Бангладеш