Шева му ја даде капитенската лента на Пандев

1190

Андриј Шевченко седна на клупата на Џенова за кого настапува Горан Пандев. Поранешниот фудбалер има за мисија да ги врати убавите денови во клубот, да го извади од опасната зона за испаѓање во Серија А.

Шевченко вечерва има жешко деби, против Рома предводена од Жозе Мурињо на домашен терен. Во стартниот состав е поранешниот македонски репрезентативец, кој за првпат оваа сезона ја носи капитенската лента.

Во составот на Џенова не е Кришито, а Шева веднаш му ја даде капитенската лента на најдобриот македонски фудбалер.

Дефинитивно со неговото доаѓање се воведуваат нови правила, а Андриј добро знае со какви квалитети располага Пандев.

ПретходноКошаркарите се „чекираа“: Од утре во турбо ритам, доаѓа светскиот првак (ФОТО)
СледноНов скандал во Франција и прекин: Паје погоден со шише (ВИДЕО)