Шевченко дебитираше со пораз, 63. минути за Пандев против Мурињо

319

Андриј Шевченко не успеа да приреди изненадување на дуелот против Рома, прв за него на клупата на Џенова како тренер. Неговите момци добро се држеа до 82. минута, кога примија гол, стрелец беше Феликс Афена Гиан. Истиот играч во судиското продолжение ги постави конечните 0-2.

Легендарниот фудбалер кој беше близу до бод против Жозе Мурињо, наа оваа средба капитенската лента му ја довери на Горан Пандев. Најдобриот македонски фудбалер се најде во стартниот состав, излезе во 63. минута, на него место влезе Хернани.

Рома ја затресе мрежата на Џенова во 16. минута, но ВАР го поништи голот поради играње со рака.

Џенова го запиша шестиот пораз оваа сезона, има исто толку ремија и само една победа.

ПретходноХулиганот кој го погоди Паје со шише – доби „шамар“ (ВИДЕО)
СледноЛион-Марсеј и официјално НЕМА вечерва да се доигрува!