Екипата на Тотенхем по два порази и едно реми, конечно впиша триумф во Премиер лигата. На домашен терен го совлада Лидс Јунајтед со 2:1 иако во првото полувреме имаше негатива од 0:1. Избраниците на Антонио Конте повторно тргнаа бавно, примија гол во 44. минута, а шесто полувреме по ред не шутнаа на голот на противникот.
Toтенхем шест полувремиња по ред не шутнале кон противничкиот гол
А по паузата се разбудија. Изгледа Конте добро ги искара на полувреме, па некако се разлетаа на теренот. Во 58. минута на асистенција на Моура изедначи Пјер-Емил Хојберг, а во 69 минута Серхи Регуилон ја донесе победата за „Спарси“.
Ова е шеста победа на Тотенхем сезонава по 12 меча и е на седмото место на табелата, а Лидс го впиша петтиот пораз и е на 17-тото место.