Toтенхем шест полувремиња по ред не шутнале кон противничкиот гол

187

Очаен е Тотенхем сезонава во Премиер лигата. Не само што резултатите не им се по мерка, туку почнаа и да забораваат како изгледа да се шутне кон противнички гол. Така според податоците на „Опта“ која собира статистика почнувајќи од сезоната 2003/04, Тотенхем е првата екипа од Премиер лигата која шест едноподруго полувремиња не шутнала кон противнички гол.

Тоа е второто полувреме од дуелот со Вест Хем (пораз од 1:0), потоа по две полувремиња на дуелите со Манчестер Јунајтед (пораз од 3:0) и со Евертон (реми 0:0) и првото полувреме денеска против Лидс Јунајтед.

По првиот дел со Лидс, Тотенхем на свој терен губеше со 0:1, но во второто полувреме по два шута кон противничкиот гол го изедначи резултатот. Серијата ја прекина Хојберг во 58. минута.

ПретходноЕнрике: Јас во Манчестер Јунајтед? Да не е случајно 1 април?
СледноГалата-Фенер: „Squid game“ на трибини, гол за победа во 94 минута, црвен картон за Терим… (видео)