Брегалница загуби во Штип со 1:0, стрелец на голот беше Јан Кривак. Но херој на мечот е голманот на штипските “сини“, инаку младински репрезентативец на Македонија до 21.година, Давид Денковски. Само тој не дозволи Брегалница да доживее и поубедлив пораз, да не кажеме катастрофа. Не само што одбрани неколку зицери, туку покажа како се бранат пенали. Во првиот дел Денковски го одбрани ударот на Љупче Дориев, а во вториот дел и на Егзон Бејтулаи.
Инаку ова беше трет пенал на Шкендија во серија кој не е реализиран.
Прво Гури на минатиот меч не успеа да погоди, а денеска тоа не погодија и Дориев и Бејтулаи.
Денковски покажа дека Брегалница и мак-фудбалот во него имаат фудбалско богатство.
ФОТО: ФК Брегалница