Енрике: Јас во Манчестер Јунајтед? Да не е случајно 1 април?

268

Низ медиумите во Англија се појавија информации дека шпанскиот селектор Луис Енрике е кандидат да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед. Зинедин Зидан ја одби позицијата по реакција на неговата сопруга, од „Ѓаволите“ бараат човек кој ќе ги среди работите во екипата и ќе ја придвижи напред по сивилото која ја зафати. Капак на се беше убедливиот пораз од Ватфорд во саботата. Солскјер е се поблиску до отказ, а кружат многу имиња низ медиумите.

Една таква вест е дека Луис Енрике може да седне на клупата на славниот англиски клуб, па дури се појавија информации дека Кристијано Роналдо го врбувал шпанскиот селектор да дојде на „Олд Трафорд“. Енрике одговори:
Јас во Манчестер Јунајтед? Да не е можеби 1 април, а јас да не знам?“, изјави Енрике за „La Sexta“.
Енрике апсолутно нема план да ја напушти шпанската селекција во моментов и е среќен со селекторската работа.

ПретходноВардар со половина сили до убедлив триумф во Струга
СледноToтенхем шест полувремиња по ред не шутнале кон противничкиот гол