Клоп: Одигравме перфектен меч во сите деведесет минути

256

Тимот на Ливерпул вчера во дербито од ова коло во Премиер лигата го „уништи“ на домашен терен тимот на Арсенал со 4:0. Во меч кој требаше да биде дуел на две изедначени страни со оглед на местата кои овие два тима ги имаат на табелата во моментов, истиот се претвори во фудбалска лекција, и симултанка на домаќинот.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со суперлатив говореше по натпреварот за својот состав велејќи дека е одигран перфектен меч.

„Одигравме исклучителен натпревар. Како што одминуваше времето, почнавме да се однесуваме се подобро и подобро. Го контролиравме текот на средбата и бевме многу прецизни во најважните моменти. Одигравме и зрело и ефективно“, изјави Клоп да додаде. 

„На ваквите дербија треба да го држите противникот што подалеку од својот гол и да не се мешате во ниту една зона. Сезоната е многу тешка, а сега ни претстои периодот со најмногу мечеви. Декември и јануари ќе бидат вистинско лудило“, изјави Германецот па поентираше.

„Знаеме што може да направи Арсенал . Едноставно не му дозволивме на противникот да ги открие своите силни страни. Ова е најголемиот комплимент што можам да му го дадам на мојот тим. Чувството е одлично, бидејќи навистина одигравме перфектно и ваквите настапи не треба да се земаат здраво за готово“, додаде Клоп.

ПретходноСтојчевски испровоцира, Комити му порачаа, ќе живееш во Кратово засекогаш
СледноЧави: Не беше лесно, ќе бидеме подобри (ВИДЕО)