Кратовци се кошмар за “црвено-црните“: Вардар заборавил кога последен пат го победил Силекс!

448

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Многу “галама“, многу врева, најави, супер – атмосфера, сеири од некои играчи на кратовскиот тим, и така мина супер – дербито во ВМФЛ меѓу Вардар – Силекс. Кратовци победија со 1:2 и тоа со голот на Спиркоски во 90+2.минута откако гостите искреираа супер – комбинација. Просто го “шекнаа“ домашниот состав и славеа заслужена победа.

Силекс е во еуфорија, а Вардар е во очај, посебно фановите на Вардар кои не можат никако да преболат пораз од епскиот ривал, знаеме веќе низ историјата што се имаше на мечевите меѓу Вардар и Силекс.

Секако дека фановите на Вардар не можат да преболат и еден друг факт. А тоа е дека тие имаат заборавено кога тоа нивните миленици славеле над лутиот ривал. Звучи неверојатно, но на псоледните шест меча Силекс има пет победи, сите во серија, а Вардар ниту една, еден меч завршил без победник. Гол разликата е 17:4. Човек да не поверува.

Последен пат Вардар победил на 22.09.2019 година со 3:0, кој ли само се сеќава на тој меч.

Нема што, Силекс му “набива“ комплекс на најтрофејниот, станува голем КОШМАР за Вардар.

И за крај. По само 11.кола, Силекс сега му бега на Вардар цели 11 бодови во ВМФЛ – ЗАПАД. И веројатно уште сега го отпиша од битката за директен пласман во ПМФЛ, се чини вардарци и следната сезона нема да ја видат елитната лига на Македонија.

ПретходноИ Мегваер е бивши: Капитенската лента оди кај Роналдо!
СледноСтадионите во Катар и официјално подготвени за СП: Ќе игра ли и Македонија на нив?