Интересна и пред се комична ситуација доаѓа од Премиер лигата, но во случајов онаа женската. На вчерашниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Астон Вила, кој патем заврши 5:0 за Сити во еден момент гостинската голманка Хана Хемптон побара од едно од момчињата задолжени за топките, да и подаде една. Сепак, од само нему познати причини момчето не сакаше да ја даде топката која инаку му беше враце. Чекаше сигурно дваесетина секунди па потоа конечно се „смилува“ и „дозволи“ играта да продолжи.
This young ball boy is absolutely taking the mickey 😂
Did the mind games work? Man City put five goals past Aston Villa in the second half… 😅#OptusSport #BarclaysFAWSL pic.twitter.com/HDeVIOQzPl
— Optus Sport (@OptusSport) November 20, 2021