Петра Влхова незапирлива во Леви, втора победа во слалом

216

Петра Влхова втор ден по ред победи во слаломот во фински Леви. Влхова по петтипат победи на слаломот во Леви, а ова е нејзина 14-та победа во слалом и 22-ра во Светскиот куп во сите дисциплини.

Таа беше најбрза и во двете денешни трки. Ниту Микаела Шифрин, која направи голема грешка во втората трка, не можеше да се справи со неа. Американката заостана 47 стотинки во вкупното време и мораше да се задоволи со второто место на победничкиот подиум.

Третото место го освои истата скијачка како и во саботниот слалом, Германката Лена Дуер.

По четири трки од почетокот на сезоната кај дамите, Влхова и Шифрин имаат по 260 поени на водечките две места во генералниот пласман во Светскиот куп.

ПретходноГолманска мајсторија: Денковски им одбрани пенали на Дориев и Бејтулаи!
СледноДончиќ се уште не е заздравен, го пропушта и вечерашниот дуел со ЛА Клиперс?