Стојчевски испровоцира, Комити му порачаа, ќе живееш во Кратово засекогаш

11245

Во големото дерби второлигашко во моментов, на некогаш шампионите на Македонија,  Вардар и Силекс, Кратовци обезбедија победа од 1:2 среде Скопје. Заслужена, Силекс одигра онака како што планираше, даде прв гол, а потоа и втор и тоа во вистинско време, во последните секунди од мечот. Ги однесе бодовите прописно се израдува. Можеби и премногу, за да изиритира некого, испрати порака, каже нешто што досега немал можност да го каже. Да, Стојан Стојчевски реагираше непрописно. Барем кога станува збор за домаќинот, Вардар, Комитите, кои направија прекрасен амбиент вчера, го признаа поразот, но тие не поднесуваат некој да ги испровоцира. И тоа дома. А Стојчевски очигледно го направил тоа. Кој виде виде, кој не нека се увери од фотографиите на Спортмедиа.

Провокација или не проценете сами, но Комити потоа на социјалните мрежи јавно му порачаа на дефанзивецот на Силекс, инаку екс играч на Вардар дека знаат многу добро што е наменето кон нив, дека знаат и самиот Стојчевски дека знае што сторил и јавно му порачуваат дека не само што тоа не е во ред туку ќе му го помнат засекогаш. Дека со најтрофејниот клуб во Македонија и со неговите навивачи мора секој и во секое време да се однесува со должна почит и респект, а витештвото и ривалитетот завршуваат со последната свирка на судијата. Дека секој кој што сака да биде почитуван мора и да почитува и дека животот, кариерата, случувањата, не се за само еден ден, туку се за многу повеќе и дека мора да се размислува визионерски, а не како што ќе те понесе моментот, нешто на што Стојчевски очигледно не размислуваше вчера.

 

ПретходноСолскјер добива 7.5 милиони евра веднаш, пристигнува Зинедин Зидан
СледноКлоп: Одигравме перфектен меч во сите деведесет минути