Бабунски промаши пенал за победа против Зајков (ВИДЕО)

337

Македонското дерби меѓу Ѓоко Зајков и Доријан Бабунски во Бугарија заврши без победник. Левски на домашен терен одигра без голови (0-0) против Ботев Враца во рамките на 15. коло.

Овој дуел можеше да заврши поинаку, но Бабунски промаши од белата точка. Во осмата минута имаше шанса да донесе водство на гостите, сепак неговиот удар не заврши во мрежата на противникот. Левски пак чиста ситуација за гол имаше пред крајот, Тсонев беше непрецизен исто од белата точка.

Пеналот на Бабунски можете да го видите на следниот ЛИНК.

Зајков и Левски се наоѓаат на осмата позиција, додека пак Бабунски и Ботев Враца се претпоследни на табелата.

ПретходноЕмотивна средба на Роналдињо и Ето во Катар (ВИДЕО)
СледноМурињо го одржа ветувањето, му купи патики на Афена-Гјан (ВИДЕО)