Македонската кошаркарска репрезентација го одржа првиот тренинг за квалификациските дуели против Шпанија и Украина за СП 2023.
Прв противник во првата фаза во битката за првите три места во групата е актуелниот светски првак, Шпанија, мечот се игра во петок во СЦ “Јане Сандански”.
Селекторот Драган Бајиќ на располагање има 15 кошаркари, во Скопје е Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли.
И во овој циклус, поточно за ноемврискиот прозорец во тимот нема да бидат Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски.
Покрај Украина со која играме во недела, Македонија е во група со Грузија.