„Вардарци“ влегоа во победнички ритам

157

Одбојкарите на Вардар ја остварија и третата победа оваа сезона, трета по ред, откако вечерва со максимални 3:0 славеа на дуелот со Борец кој беше своевидно дерби на 8. коло. Иако почнаа слабо и со четири стартни порази, „црвено-црните“ откако успеаја да ангажираат неколку странски засилувања полека фатија залет и сериозно напредуваат на табелата.

Добрите настапи денеска беа крунисани и со победа над велешани, кои добро ја почнаа сезоната, но полека заостануваат зад водечките на табелата.

Прва лига (мажи), 8.коло

Вардар – ГОК Борец                                      3:0 (25:20, 25:21, 25:20)

Струмица 47&72 – Македонија Џио                3:0 (25:9, 25:13, 25:14)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип    3:0 (25:21, 25:22, 25:21)

Штип УГД – Дибра волеј                                 3:0 (25:19, 25:22, 25:21)

Шкендија – Јанта волеј                                  3:0 (25:15, 25:20, 25:15)

*** Слободна е екипата на Лирија

ТАБЕЛА: 1. Струмица 21, 2. Штип УДГ 15, 3. Борец 14, 4. Шкендија 14, 5. Универзитет во Тетово 14, 6. Лирија 12, 7. Вардар 9, 8. Весна Пробиштип 8, 9. Јанта Волеј 7, 10. Дибра Волеј 2, 11. Македонија Џио 1.

ПретходноФИФА ги одбра најдобрите 11 играчи за 2021 година!
СледноНиколовски: Тука сум, да помогнам колку што можам!