Како младински тим: Дури 10 фудбалери помлади од 21 година играа за Барса оваа сезона

277

17-годишниот напаѓач на Барселона, Ахомач Чакур, во саботата дебитираше во сениорскиот тим на Каталонците на мечот од 14. коло од Ла Лига против Еспањол (1-0). Тоа и не би било ништо чудно, ако Ахомач Чакур не стана десеттиот младинец на Барселона кој оваа сезона доби шанса да заигра за сениорскиот состав.

Тој е десеттиот играч на Барса до 21 година кој заиграл во оваа лигашка сезона. Барселона со тоа стана третиот тим во ТОП 5 лигите во Европа кој во една сезона им дал шанса на толку млади играчи. Пред Барса се само француските Рен и Сент Етјен, кои оваа сезона имале по 11 играчи помлади од 21 година во своите состави.

ПретходноКои се четирите опции за Верстапен да стане шампион уште во С. Арабија?
СледноСудии за Куп: Ставрев во Ѓорче, Ецкоски на “Дербито на Македонија“…