Феликс Афена-Гјан е момчето за кое зборува фудбалска Италија. Младиот 18-годишен фудбалер на Рома синоќа сам со два гола го реши натпреварот на гости кај Џенова и покажа дека „волчицата“ има нов неверојатен талент во своите редови.
Ганецот и се приклучи на младинската академија на Рома во јануари и ова за него беше само трет настап во Серија А. Роден во јануари 2003 година во Гана, тој сè уште играше фудбал во својата земја до јануари оваа година, кога беше одведен во Рим преку Академијата на ФК ЕурАфрика.
Афена-Гјан стана вториот најмлад дебитант во сезоната 2021/22 во Серија А, откако влезе во игра минатиот месец на мечот со Каљари. Тој потекнува од селото Венчи наречено „Бепосо“ и бил меѓу играчите избрани за тимот на Регионалното училиште во натпреварите меѓу училиштата во 2018 година. Нема играно професионално за ниту еден тим во Гана. Настапуваше само за младинскиот тим во Венчи наречен Реал Мадрид и друг тим наречен Ватомба 11. По ваквите импресивни настапи, наскоро се очекува повик и во селекцијата на Гана.
По завршувањето на средното училиште, Афена-Гјан бил однесен на Академијата ЕурАфрика каде што му била дадена шанса да оди на проби во Италија. Најпрво пристигнал во Милан, но и покрај тоа што постигнувал голови на тренинг натпреварите за младинците на Милан, евентуалниот договор пропадна бидејќи Рома му предложила да го земе кај себе.
Само еден ден по неговото доаѓање во Рома на 13 март, младиот Ганец направи спектакуларен почеток на својата кариера во редовите на „волчицата“ со гол и асистенција на своето деби за тимот до 18 години во победата над Џенова со 5-0.
Моментално е најдобар стрелец во италијанската Примавера 1 со шест гола.