Кристијано со порака до Оле: Ти посакувам се најдобро!

272

Уште еднаш се покажа дека Кристијано Роналдо е вистински спортсмен. Имено се шпекулираше дека лобирал кај раководството на Манчестер Јунајтед да го сменат Оле Гунар Солскјер, дека ги повикувал соиграчите на бунт против Норвежанецот, но дали било баш така? Посебно ако се знае дека денеска тој преку своите социјални мрежи испрати порака до екс стратегот на Јунајтед во која стои….

Тој беше напаѓач кога јас дојдов првпат на Олд Трафорд и тој беше тренер кога се вратив во Манчестер Јунајтед. Оле, пред се е извонредно човечко суштество. Му посакувам се најдобро во животот. Со среќа пријателе“.

ФОТО: Manchester United Twitter

ПретходноСтерлинг се одлучи, сака да замине во Барса!
СледноБајиќ ја крои тактиката – како против “фуријата” (ФОТО)