Македонската кошаркарска репрезентација денеска и официјално стартуваше со подготовките за квалификациските мечеви за пласман на СП 2023 година. Драган Бајиќ, предводникот на нашиот најдобар национален тим го скрати списокот на 15 имиња.
Во тесниот избор се најде и Лејсон Зекири. Членот на Приштина и талентиран македонски кошаркар не се појавил ниту на вчерашната вечера, ниту на денешниот утрински тренинг, неофицијално тој не сака да игра за Македонија.
Зекири сака да игра за Косово, но без довола на раководството на КФСМ не може да игра за оваа земја. Со оглед на неговиот квалитет и добрите игри кои ги пружа оваа сезона, тешко дека ќе добие „зелено“ светло од раководството на федерацијата.
Останатите кошаркари се во добра форма, единствен кој се пожалил на проблем е Стојан Ѓуроски, но ситуацијата не е сериозна. Кошаркарот на Пелистер бил на прегледи, се чекаат резултатите и препораката од лекарскиот тим.
Македонија за место на СП 2023 година треба да мине две фази. Во првата на стартот игра против Шпанија во Скопје (петок), три дена подоцна и гостува на Украина во Киев. Во групата со нашите момци се наоѓа уште и Грузија.