Манчестер Ј. почна преговори со Брендан Роџерс

348

Раководството на Манчестер Јунајтед стапило во контакт со менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, објавија уште утрово медиумите на Островот. Стратегот важи за еден од фаворитите за наследник на Оле Гунар Солскјер, кој вчера доби отказ по саботниот пораз од Ватфорд со 4:1.

Според британските медиуми, Јунајтед е подготвен да му плати отштета од 8 милиони фунти на Лестер за да го ангажира поранешниот менаџер на Ливерпул. Дополнително, „црвените ѓаволи“ ќе му платат „пенали“ од 7,5 милиони фунти на отпуштениот Солскјер.

Од „Олд Трафорд“ објавија дека тимот привремено ќе го води досегашниот помошник на Оле Гунар Солскјер, Мајкл Керик.

ПретходноНекогашен фудбалер на Милан и Арсенал е еден од најбогатите луѓе во светот!
СледноГолден Стејт и Феникс се вистинска машинерија, Далас не може без Дончиќ (ВИДЕО)