Рома го доби дерби дуелот против Џенова за кого настапува македонскиот фудбалер, Горан Пандев. На гостински терен славеше со 0-2, благодарение на двата гола на Феликс Афена-Гјан.
18-годишното момче има три настапи во дресот на Рома, а веќе постигна два гола. Пред оваа средба тој доби ветување од Жозе Мурињо доколку постигне гол ќе добие патики од 800 евра.
Денеска Португалецот веднаш го исполни своето ветување, а Феликс Афена-Гјан ги доби омилените патики.