Ојлески: Сите веруваме во победа!

108

Е. Пелистер утре во меч од рамките на 4.коло во ракометната Лига на Европа, го дочекува квалитетниот состав на Татабања. Битолчани во изминатите три кола имаат по една победа, реми и пораз. Сепак највпечатлив беше триумфот над АЕК во Атина.

Во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар има Гоце Ојлески…

Минатата сезона одигравме неколку меча со Татабања, така да добро се познаваме. Играат подобро со доаѓањето на тренерот Ѓукиќ. За нас важно е што победуваме, посебно на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија. Свесни сме дека не чека тврд натпревар, тежок натпревар но сите ние веруваме во победа“ заврши Ојлески.

ПретходноБајиќ ја крои тактиката – како против “фуријата” (ФОТО)
СледноБабиќ: Против Татабања посакуваме да ја продолжиме низата на позитивни резултати!