Навивачката група “Чкембари“ една е од нашите најголеми и најпознати фан- групи. Таа важи за група која отсекогаш била со Пелистер, и кога било добро и кога не било баш по нивните желби.
Ново е тоа што има превирање меѓу фановите од таа група, па така одделни фанови сега си направија посебна подгрупа наречена – Chosen Few.
По тој повод тие излегоа и со соопштение кое ние го презентираме во целост…
“Ние, неколкумина водени од чистата и искрена љубов спрема Пелистер и загрижени од моменталната состојба во Чкембари, решивме да основаме подгрупа која ќе биде насочена само кон Пелистер.
Chosen Few е составена од навивачи од сите делови на Битола, од активни и некои со некоја кратка или подолга пауза од нашата трибина. Патот кој сме го зацртале да го одиме пред нас е долг, но со искреност и срдечен пристап се надеваме дека ќе допреме до сите оние кој ради некои причини го закачиле шалот во домашното шкафче. Нашата цел е да бидиме пример кој ќе води кон повторно обединување на сите јадра на Чкембари кои биле некогаш дел од нас!
САМО ПЕЛИСТЕР“ се вели во соопштението.